Дератизација преставува збир на мерки и постапки кои се применуваат во борба против глодарите.
Глодарите преставуваат најбројна врста на цицачи. Ги има околу 5000 врсти кој се распоредени во 33 фамилии и повеке од 300 родови. Распоредени се нис целио свет на сите континенти. Предизвикуваат големи матерјални штети. Глодарите имаат и епидемиолошко значење поради пренесување на заразни болести и тоа дирекно или преку вектори. Кај нас најраспространети се родот на стаорци и родот на домашни глувци.
Борбата против глодарите треба да биде систематска и редовна за да може да постигне успешна Дератизација и глодарите да се сведат на минимално ниво.
Борбата против глодарите опфака две основни мерки:
- Општи мерки
- Специфични мерки
Во општите мерки спагаат:
1. Секојдневно правилно отстранување на отпадоците од храна и секојдневно одржување на хигиената во објектот.
2. Физичка заштитан а храната од глодари.
3. Затварање на сите дупки од надворешноста на објектот, топсифони, подрумски прозори, дупки од вентилации и др.
Специфични мерки за борба против глодарите преставува постапка за нивно уништување.
Според средствата и начинот на кој се применуваат мерките може да бидат:
- Механички
- Хемиски
Механичките средства во денешно време многу поретко се користат. Во механички мерки спагат разни физички направи за факање на глодарите.
Хемиските мерки опфакаат користење на хемиски средства за сузбивање на глодарите. Средствата кој се користат во хемиските мерки се викаат РОДЕНТИЦИДИ.
Постојат повеке видови на родентициди и спрема агрегатната состојба тие можат да бидат: течни, цврсти, прашкасти и гасовити. Според брзината на делување се делат на:
- Акутни
- Со продолжено дејство
Во родентициди со продолжено дејство спагаат антиколагулантите. Овие средства делуваат така што ја спречуваат коагуалцијата на крвта и ги оштетуваат капиларите. Дејството на овие препарати е за неколку саати во зависност од глодарот.
|