|
|
СТАРС Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ е компанија која е целосно посветена на примената на квалитетот, заштитата и управувањето со животната средина и заштитата на здравјето и безбедноста при работа како систем на работа и истите се од големо знaчење и се на највисоко ниво. Основната цел на компанијата е да ги задоволи потребите на клиентите и нивните очекувања преку нудење квалитетни производи и услуги. Основна дејност на компанијата е вршење на услугите на дезинфекција, дезинсекција и дератизација, НАССР планови во делот на ДДД мерките, како и продажба на средства за контрола на штетниците. Системите за управување со квалитет и животна средина според барањата на стандардите ISO 9001:2008 и ISO 14001:2004 континуирано се надгледуваат и унапредува со цел да бидат исполнети Политиката и целите на компанијата. Високиот степен на Системите за управување со квалитет и животна средина е темел на работењето и постојаното унапредување на компанијата.
- СТАРС Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ изјавува дека главната цел на раководството и целиот персонал е давање на квалитетни производи и услуги на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања.
- СТАРС Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ континуирано ќе го следи степенот на задоволство на клиентите и ќе ги проучува и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на своите производи и услуги.
- СТАРС Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со своите клиенти, добавувачи и партнери со цел обезбедување на квалитетни производи и услуги.
- СТАРС Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и благопријатен творечки амбиент, пришто секој извршител да биде свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на фирмата.
- СТАРС Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ ќе се грижи за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системите за управување со квалитет и животна средина.
- СТАРС Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ се обврзува на идентификација на корективни и превентивни мерки за постојано унапредување на квалитетот на производите и услугите кои ги нуди.
- СТАРС Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ применува процесен период кон создавање и одржување на Системите за управување со квалитет и животна средина и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на сите производи и услуги.
- СТАРС Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани во закажаните рокови.
- СТАРС Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ ќе се придржува кон селектирање и рециклирање на отпадот и намалување на потрошувачката на енергија.
- СТАРС Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ ќе врши постојана контрола на своите процеси заради обезбедување на ефикасност на мерките за заштита на животната средина.
- СТАРС Д.О.О.Е.Л. СКОПЈ Е се обврзува да ги исполни законски барања за заштита и управување со околината и заштита на здравјето и безбедност при работа.
- СТАРС Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ се обврзува за оптимално искористување на ресурсите и намалување на отпадот и негова селекција.
- СТАРС Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ вложува напори за зачувување на здравјето и безбедност на вработените во сите деловни активности.
Во Скопје, 09.09.2014 год. Управител
Славчо Темов
___________________
|